Loading Video...
Свет
26. November 2021 - 19:44

Светот со рестрикции за патувања од ЈАР поради новата варијанта на коронавирусот

Велика Британија,Израел, Јапонија, Франција се дел од земјите кои одлучија да го суспендирарат авионскиот сообраќај со југот на Африка поради појавата на новиот сој на ковид 19 во Јужна африка. И ЕУ разгледува дали да воведе таква мерка.  НА денешната седница, СЗО препорача да не се ограничуваат патувањата.  Според изјавите на научниците, новиот сој е со најголем број мутации досега, 50  но не познато дали е поопасен од преходните соеви

-Тоа што го знаеме е дека оваа варијанта има голем број на мутации. Загрижува тоа што кога има толку голем број на мутации тоа може да влијае на однесувањето на вирусот. Затоа во овој момнет истражувачи се собираат за да откријат каде овие мутации се и што може потенцијално тоа да значи за нашата дијагностика, терапија и вакцини. Добнро е што тие почнуваат да се детектираат. Тоа значи дека имаме систем за тоа. Може да трае неколку недели за да разбереме какво ќе биде влијанието на оваа варијанта вели претставничката на СЗО Марија ван Керхов

Сојот е откриен на почетокот на оваа недела и досега се знае за помалку од 100 случаи, претежно откриени во Гаутенг, најнаселената провинција во Јужна Африка, но идентификуван е  и во Боцвана, Израел и Хонг Конг. Првиот случај на новиот јужноафрикански сој на коронавирусот во Европа  деенска  е потврден во Белгија.