Балкан
6. May 2016 - 19:46

Свекрвата на Јелена признала - полицијата го расветлува случајот

Зорица Mарјановиќ, свекрвата на убиената Јелена Крсмановиќ која неодамна е сослушaна во полицијата, признала дека се расправала со снаата, открива српски Курир. 

Во тие два часа, колку што минала во полицијата, мајката на Зоран Марјановиќ плачела и се колнела дека никогаш не би наштетила на жената на својот син, но признала дека тие две не биле во добри односи. 

- На почетокот не можев да ја прифатам поради првата жена на Зоран бидејќи се имав навикнато на неа. Дури и се каравме, но бидејќи мојот син ја сакаше, ја прифатив нивната врска, раскажала Зорица. 

За српски Курир, како извор од истрагата објаснува дека свекрвата на убиената пејачка не е била испрашувана само за убиството, туку и за да одговори на неколку прашања околу надрилекарствата. 

- Прво ја испрашувавме за односите со Јелена, за тоа дали се карале и колку често имале несогласувања, како и зошто. Иснпекторите посебно се интересираа за тоа каков однос имала со првата сопруга на Зоран, вели зиворот. 

Како што дознава порталот, за време на испрашувањата свервата била видно потресена и расплакана. 

- Се колнеше на полицијата дека не би наштетила на мајката на својата внука, која ја обожава. Зорица тврдела дека не знае кој би можел да и наштети на толку прекрасно суштество како што била нејзината снаа, според нејзините сознанија, немале непријатели.

Истакнала дека ја поддржувала во музичката кариера и била среќна кога ја објавила песната, наведува соговорникот на српски Курир.