Македонија
12. March 2018 - 19:23

Сведокот на СЈО потврди дека набавката на блиндираниот мерцедес била законска и за потребите на МВР

Набавката на блиндираниот мерцедес била законска и за потребите на МВР. Ова го потврди првиот сведок на Специјалното обвинителство во предметот Тенк. Како вработен во кабинатот на екс-министерката Јанкуловска, сведокот раскажа дека сите возила кои претходно ги користеле биле далеку под стандардите за обезбедување на високи странски делегации, често се расипувале на патиштата, а министерката Јанкуловска им го отстапувала и автомобилот кој и следувал за нејзина лична заштита.   

 Беше отворена единствената понуда која ги содржеше сите неопходни елементи, изготвен записник со предлог за набавка. Никој не ми сугерираше каков избор да извршам како член на комисијата за еволуација и избор. Сите до тогаш користени возила за обезбедување беа марка мерцедес црна боја, различни варијации на класата С, посочи сведокот Киро Тодоровски.

Тој потенцираше дека блиндираното возило се користело исклучиво за превоз на странски гости. Први во мерцедесот се возеле поранешниот генерален секретар на ОН Бан Ки Мун и емирот од Катар кој биле во посета на Македонија, како и претставници на Европската Комисија.

На инсистирање на судијката која го води предметот, денешеното рочиште продолжи и по завршување на работното време на судот и покрај барањата на адвокатите постапката да заврши бидејќи екс-премиерот Груевски има закажани судења секој ден, а и ова не е стандардна процедура на судот.