-->
-->
Супервелеслаломска победа за Свиндал
-->
Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал победи на третата супервелеслаломска трка во сезоната која се возеше во Вал Гардена, додека Швајцарката Лара Гут триумфираше во првата суперкомбинација, во женска конкуренција, која се одржа во Вал Д`Изер.
Свиндал до третата сезонска победа стигна со време од 1:28.12 минути. Со оваа победа Свиндал се доближи на 23 бода до лидерот во генералниот пласман Марсел Хиршер кој има освоено 440 бодови.
Супервелеслаломот во Вал Гардена мина во знакот на норвешките скијачи, бидејќи ја предводеше тројната победа на `Викинзите`. Второто место го освои Кетил Јансурд, а како трет заврши Александер Омот Килде.
Во сабота во Вал Гардена ќе се вози трката во спуст.
Лара Гут, во францускиот Вал Д`Изер, ја забележа втората победа во сезоната, вкупно 14-та во кариерата.
По двете трки, една во спуст и една во слалом, Гут на крајот имаше за само една стотинка подобро време од Американката Линдзи Вон, додека на третото место се пласираше Австријката Михаела Кирхгасер.
Вон води во генералниот пласман со 480 бодови, а зад неа се Гут со 378 и Швеѓанката Фрида Хансдотер со 315 бодови.
Во Вал Д`Изер, во сабота дамите ќе возат спуст, а потоа во недела се селат во Куршевел каде ќе се вози трката во велеслалом.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај