Ракомет
16. October 2015 - 23:55

Супер лига: Победа на Вардар Јуниор над Пролет

Ракометарите на Вардар Јуниор ја постигнаа третата победа во Супер лигата откако вечерва во првиот натпревар од 6.коло како гости го победија Пролет со 29:25.

На другите натпревари од оваа рунда утре играат: Прилеп - Работнички, Металург 2 - Радовиш и Борец - Охрид.
Дуелот Пелистер - Металург поради настапот на Металург во Лигата на шампионите ќе се игра на 28.октомври.
Табела: Металург 12 бода, Работнички 12, Прилеп 12, Вардар Ј. 9 Охрид 9, Пролет 9, Борец 6, Пелистер 3, Радовиш 3, Металург (2) 0.