Loading Video...
Кошарка
31. July 2020 - 15:49

Супер интересен рестарт на НБА лигата

Со дуелот меѓу Јута – Њу Јорлеанс, одигран ноќеска, а во кој „Џезерите“ се радуваа на победа, беше означен рестартот на лигата, која во целост е планирана да се доигра во Орландо, односно комплексот на „Дизниленд“, без присуство на публика. 
 
Французинот, Руди Гоберт кој мечот го заврши со дабл-дабл со 144 поени и 12 скокови на нецели седум секунди пред крајот ги погоди двете слободни фрлања, а на спротивната страна последната шанса за победа на Њу Орлеанс ја имаше Френдом но неговиот обид за три поени беше непрецизен па Јута оствари победа со 106-104. 
 
Во големото градско дерби на Лос Анџелес, Лејкерси ги победија Клиперси со 103-101. 
 
Иако Леброн Џејмс не беше најдобар стрелец во победничката екипа за која Ентони Дејвис постигна 34, сепак Џејмс беше клучниот играч во оваа победа. 
 
Покрајк тоа што популарниот „Кинг“ ги постигна последните поени за Лејкерси, тој одигра и одлична одбрана во против ленард и Џорџ во последниот напад на противникот, па на крајот „езерџиите“ заслужено се радуваа на победата 
 
Пол Џорџ со 30 и Каваи Ленард со 28 поени очекувано беа најефикасните играчи  во редовите на Клиперси