Сугарески: Завршените процедури надеж дека догодина во општините ќе стигне гасоводот
Сите експропријации и службени процедури се комплетно завршени и гасодовот напредува со силна динамика, а наредната година веќе може и општините да се приклучат, истакна денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески од Теарце, каде што заедно со општината се работи на реконструкција на секундарна водоводна мрежа.
– Извонредната динамика на реализација за која очекуваме краците преку Тетово до Гостивар и кракот од Неготино преку Прилеп и Битола целосно да бидат завршени со цел општините да можат да се приклучат на тој магистрален гасовод во текот на наредната година. Тоа е овозможено со оглед дека експропријациите и останатите службености се решени, рече Сугарески.
Според Сугарески до крајот на годината ќе се зголеми процентот на реализација на проектите кои Министерството за транспорт и врски ги прави, а сега изнесуваат 71 отсто. Според него, се користат добрите временски услови за напредување во реализиација на проектите.
– Во овој момент имаме 71 отсто на реализација на капитални инвестиции и очекуваме тоа да се зголеми до крај на година, бидејќи овој период следуваат исплаќања навремени на завршни ситуациии. Тоа што целата година го ветував почнувајќи од првиот квартал ова Министерство ќе ја постигне таа економска година, бидејќи бројките тоа го покажуваат. Работиме на 20-тина проекти кои се работат во моментот, некаде шест или седум се во постапка на тендерирање и очекуваме за месец и месец и половина
Ново на Сител
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј