Бизнис
25. August 2019 - 16:44

Сугарески: Почнавме инвестициски циклус од 850 милиони евра во патната инфраструктура

-Владата предводена од СДСМ, во овој момент инвестира преку 850 милиони евра во проекти во патната инфраструктура. Во тек е изградба на автопатот Кичево – Охрид, за кој морам да истакнам дека се направија сите максимални напори за да може да се доизгради.  Добро знаете дека ВМРО-ДПМНЕ направи пустош со овој автопат. Се гради насекаде како никогаш до сега. Во таа насока, до сега изградивме и рехабилитиравме преку 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра. Го завршивме автопатот Миладиновци – Штип кој како голем товар го наследивме од ВМРО-ДПМНЕ заради бројните грешки и недостатоци во изградбата. Но бевме решени, автопатат мораше да се заврши со сите безбедносни аспекти за сообраќај. Впрочем, граѓаните имаат право да знаат како им се трошат нивните пари, изјави Горан Сугарески, член на ЦО на СДСМ.

 
 

.