Македонија
14. July 2016 - 16:23

Сугарески: По само две недели, нови измени на законот за универзитетот „Дамјан Груев“

 Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески обвини дека владејачкото мнозинство денеска повторно и без присуство на опозицијата изгласало нови измени на законот со кој се формира новиот универзитет „Дамјан Груев“.

Измените, како што кажа, беа донесени само две недели после изгласувањето на законот со што власта само потврдила дека закон донесен без претходни консултации, без финансиска конструкција и на шверцерски начин, нема долг рок на траење.

- Апсурдноста на законите коишто криминалната власт во заминување шверцерски ги носи во Собранието е на директна штета на образовнието, рече Сугарески. Уште еднаш го повтори ставот на опозицијата дека се против, како што рече, уништување на образованието со несоодветно „штанцање“ на универзитети што, пред се, имаат за цел вдомување на партиски кадри и послушници на власта.