Бизнис
27. March 2019 - 19:40

Сугарески: Изградбата на патиштата ќе ги зголеми капиталните инвестиции

Изградбата на патиштата ќе ги зголеми капиталните инвестиции. Министерот за транспорт вели дека градежната сезона започна и веќе се работи на патната инфраструктура низ целата држава.

Според него, реализацијата на проектите финансирани преку ЈП Државни патишта ќе ги зголеми и капиталните инвестиции финансирани од државната каса.

Кај експертите постои оптимизам дека годинава ќе биде економска. Велат дека приватниот сектор покажува зголемена активност, но на ред е државата да го стори истото.

Реализацијата на капиталните инвестиции во првите два месеци годинава почна полошо од лани. Потрошени се 3,53%, односно само 15 од речиси 420 милиони евра одвоени за таа намена.