Сугарески и Нурковиќ разговараа за соработка во авиосообраќајот

Министрите за транспорт на Македонија и на Црна Гора Горан Сугарески и Осман Нурковиќ денеска на средба во Скопје разговараа за искуствата од спроведување на политиките во ависообраќајот, како и можностите и условите за искористување на капацитетите на аеродромите во двете земји.
Министерот Сугарески го информирал црногорскиот колега за условите што ги нуди државава на авиокомпании заинтересирани да оперираат во Македонија. Развојот на авиосообраќајот, потенцирал Сугарески, е еден од приоритетите на Министерството за транспорт и врски и сите активности што ќе се реализираат во следниот период ќе бидат во насока на обезбедување широка мрежа на дестинации во Европа и светот, соопшти Министерството за транспорт и врски на РМ.
Двајцата министри се заложиле за подобрување на односите меѓу Македонија и Црна Гора во економијата и транспортот.
На средбата, покрај министерот Сугарески, присуствувале и министерот за привлекување странски инвестиции Аднан Ќахил, како и менаџментот на концесионерот со македонските аеродорми ТАВ.
Ново на Сител
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
-

Уапсено лице од беровско, пронајдени се дрога, оружје, муниција и полициска униформа | ФОТО
-

ВМРО-ДПМНЕ: Денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик
