-->
-->
Сугарески: Автопатот Скопје-Блаце ќе се гради во две фази, точна сума по проектирањето
-->
Јавното претпријатие за државни патишта работи на проектот за изградба на автопатот Скопје-Блаце, која би стартувала напролет следната година, а ќе се одвива во две фази, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.,
Тој информираше дека во првата фаза ќе се градат 1,6 километри, а паралелно со ќе се допроектира останатиот дел од 10-ина километри, по што ќе се работи паралелно.
- Согласно со одлуката на Економски совет што ја имаме донесено, главен приоритет е Скопје – Блаце, паралелно со изградба на автопатишта низ Република Македонија, така што за очекување е наредната пролет да почне да се гради, рече Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања во тек на посетата на општина Арачиново.
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи неодамна изјави дека изградбата на автопатот ќе чини 100 милиони евра, но ресорниот министер истакнува дека не сака да шпекулира и оти точната сума ќе се знае кога ќе се заврши проектирањето.
Како што рече Османи, првиот дел од автопатот ќе се финасира од ЈПДП, а останатиот дел со помош на Европската банка за обнова и равзој. На трасата се превдидени четири тунели и девет мостови.
Владата минатата недела најави деблокирање на изградбата на автопатот Кичево-Охрид за што Собранието изгласа анекс на Договорот со кинески „Синохидро“ кој овозможува трошење на 205 милиони евра од кредитот од „Ексим банка“ за различни ставки за изградбата. Следниот месец треба да се биде објавено колку дополнително ќе чини изградбата на автопатот во должина од 57 километри, покрај првично планираните околу 400 милиони евра.
На крајот на месецов истекува рокот за завршување на изградбата на автопатската делница Миладиновци (Скопје) - Штип, долга 47 километри, за која, според ресорното Министерство, е можно мало пролонгирање, за поставување сигнализација и други активности.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите