Македонија
23. March 2016 - 19:31

Суфки Јакупи: Избирачкиот список е реален и тоа ќе го потврди и теренската проверка, нема фантомски гласачи

Избирачкиот список е реален и тоа ќе го потврди и ттеренската и административната проверка. Во него нема фантомски гласачи, ниту пак лица со двојни идентитете. Потпретседателот на државната избоирна комисија, Суфки Јакупи, во емисијата Круг на радио слободна Македонија, вели дека процесот на проверка со сите елементи ќе ја извади на површина вистината за избирачкиот список. Анализите на сите избирачки списоци, вели Јакупи покажуваат дека бројот на запишани во списокот е реална бројка.
 
Јакупи смета дека во јавноста многу се манипулира со избирачкиот список, особено со тоа кој може да се најде во него. Пописот на населението не ја одредува и бројката на гласачи, туку државјанството. 
 
Потпретседателот на ДИК, кој воедно е и експерт со докторат за избори, потенцира дека вкрестената проверка и останата методологија на ДИК, заедно со поставувањето на фотографиите на гласачите на избирачкиот список ќе биде процес од кој нема да има ниту најмал сомнеж за валидноста на списокот и затоа ги повикува и партиите и аналитичарите да не ја малипулираат јавноста.