Македонија
3. February 2020 - 17:01

Судскиот совет ќе проверува дали Кацарска се мешала за притворот на Орце Камчев

Судијката Добрила Кацарска под лупа на Судски совет. Судиите ќе проверуваат дали нивната колешка од Кривичниот суд, влијаела да се укине притворот на бизнисменот Орце Камчев во случајот Империја.Ова е прв пат судија сам за себе да побара да се испита дали работел законски.

Постапката следи откако  пред 3 дена  Кацарска испрати барање на адреса на Судски Совет, по обвинувањата на обвинителката Лиле Стефанова, која сведочеше во Рекет.

Но судкси совет до Атикоруспциска се уште  не ги доставил  потребните информации за судиите кои ќе влезат во списокот на проверка  на Антикорупционерите.

Лани до Судски совет пристигнале 131 барање за утврдување одговорност на судии, дел од граѓани, што е за 13 пати повеќе од 2018 година. Разрешен од функција  беше претседателот на врховен Јово Вангеловски и уште тројца судии, а на еден му беше одземен имунитетот.