Македонија
26. December 2015 - 16:36

Судот детално ќе го анализира барањето на СЈО за укинување на притворот Зоран Верушевски

Судот сеуште го разгледува барањето на специјалната обвинителка Катица Јанева, обвинетите во “Пуч“ Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски да бидат пуштени во домашен притвор.

Како што дознаваме, судот очекува специјалното обвинителство да го објасни барањето за ослободување на двајцата обвинети за шпионажа и насилство над високи државни функционери.

Првото барање на Јанева како специјален јавен обвинител, предизвика вистинска бура во Македонската Јавност. Сител се обиде да стапи во контакт со специјалната обвинителка која ја прашавме “Дали Верушевски и ги дал кодовите од криптираните материјали кои претходно одбиваше да ги отркие на обвинителството за организиран криминал?“

Во овие заклучени материјали кои произлегуваат од незаконското следење се кријат важни докази во случајот “Пуч“, на барањата да ги даде кодовите, Верушевски до сега одговорал со молк.

На молк налетавме и од Јанева, која не ни откри дали таа ги добила кодовите. Во исто време Јанева не ни одговори дали Верушевски и објаснил што сакал да каже кога заговарал “Граѓанска војна“ во скајп разговорот со Ѓорги Лазаревски. Јанева не ни одговори и дали Верушевски и открил кој е чадорот кој требало да ги штити а за кого се разговараше во истиот скајп разговор кој излезе во медиумите.

Според правниците, без Верушевски да ги открие овие три информации тој во никој не смее да биде пуштен во домашен притвор, затоа што оваа мерка се дава на обвинети кои соработуваат барем на елементарно ниво.

За потсетување, опозицискиот лидер Зоран Заев самиот призна дека соработувал со Верушевски на кого му купувал кола и компјутери и се обидувал да му обезбеди престој во странска држава. Иако претходо од СДСМ велеа дека не се поврзани со Верушевски.Правните експерти го оценуваат барањето на Јанева како апсурдно, дотолку повеќе што Верушевски ќе се ослободи токму во периодот кога Македонија ја тресе огромен Скандал со фабриката за фалсификати, во која беа пронајдени и 70,000 нелегално прислушувани разговори од материјалите на Заев и Верушевски. Во исто време, опозицискиот лидер скоро цел месец го пробива рокот да ги достави сите прислушувани разговори кои ги поседува до специјалното обвинителство. На ова реагираше и самата Јанева.