Македонија
26. February 2021 - 9:05

Судот денеска ќе ја соопшти пресудата за Сашо Мијалков

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на  нелегално прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Пресудата за овој предмет во судница треба да ја чуе и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој ќе биде спроведен од домашен притвор што му го одреди судот како мерка на претпазливост.

Во овој предмет обвинети се исто така и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.