Живот
15. March 2017 - 17:20

Судијка со својот застрашувачки изглед стана хит на интернет

Една судијка од Украина, по име Ала Бандура привлече внимание на социјалните мрежи со фотографија на којашто има прилично специфичен изглед и стил, кој потсетува на Џокер од сагата за Бетмен, или пак - на вештерката од „Сирената Ариел“.

Не е познато кој ја објавил фотографијата. А, сеирџиите ја опсипаа жената со најразлични епитети, од кои највпечатлив, се чини, е - „ужасот на правдата".

Сепак, се појави и приказна дека Бандура пред повеќе од 10 години преживеала напад поради својата принципиелна работа. Тогаш, непознат сторител и нанел 12 убоди со нож, но таа преживеала и успеала да се врати на својата работа.

Украинскиот портал „Сегодња" дојде до коментар на самата судијка, која објаснува дека фотографијава настанала пред неколку години, за потребите на службениот судски гласник, а таа тогаш морала набрзина да се нашминка. Бандура вели дека не се лути за шегите на нејзина сметка и не му се лути на оној кој ја објавил сликата на интернет.