-->
-->
Судењето за сообраќајката кај Ласкарци одложено за 15 октомври
-->
Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, денеска се одложи поради здравствени проблеми на еден од обвинетите.
Станува збор за шефот на возниот парк на Дурмо турс, Рамзи Мифтари, кој според материјалите доставени до судот, денеска треба да биде опериран. Поради тоа во судот не беа спроведени ниту останатите обвините кои се во притвор.
Следното рочиште е закажано за 15 октомври.
Во автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени. За сообраќајката, односно за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, обвинети се шест лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна