Македонија
18. July 2019 - 10:27

Судар на трактор и камион кај Дебреште, тешко повредени две лица

Вчера во 18.00 часот на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, кај влез за с.Дебреште, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од О.М.(39) од с.Дебреште и товарно возило „Сканија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(33) од Крушево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобила сопатничката О.С.(39) од с.Дебреште, кои биле пренесени во болницата во Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.