Свет
11. November 2019 - 17:43

Суд: Холандија да помогне при враќање на децата од Сирија

Холандија мора активно да помогне во враќањето на децата на жените кои се придружија на терористичката Исламската држава во Сирија, пресуди денеска Судот во Хаг. Самите мајки не мора да бидат прифатени во Холандија, соопшти судот.

Адвокатите на 23 жени кои се приклучија на т.н. Исламската држава од Холандија побараа од Судот да и наложи на државата да ги врати нив и нивните 56 мали деца од камповите во Сирија. Адвокатите тврдат дека жените и децата живеат во лоши услови во кампот Ал-Хол, каде се наоѓаат 68 илјади борци од ИД со нивните семејства.