Бизнис
8. May 2018 - 19:40

Субвенции за повисоки плати во трудоинтензивните дејности

Трудоинтензивните гранки ќе се субвенционираат со 360 милиони денари буџетски пари за стимулирање на растот на плати до 18 000 денари. Оваа мерка беше презентирана пред работодавачите од Свети Николе, Штип и Куманово. За финансиската поддршка ќе можат да аплицираат оние компании кои имаат економски раст не поголем од 10 %.

- Очекуваме 50 000 работници да бидат поддржани со оваа мерка и 15 000 фирми. Заедно со Организацијат на работодавачи ја креираме програмата и очекуваме за 40 до 60 дена, истата да биде во функција- изјави Мила Царовска, министер за труд и социјала.

Мерката се донесува за да се избегне порамнувањето со донесувањето на Законот за минимална плата и да се стимулираат и подобрите работници.

-Со оваа мерка ќе бидат опфатени сите работници кои имале во октомври, ноември, декември 2017-та до 18 000 денари нето плата. На сите тие, платата што ќе покачи ќе го субвенционира државата-изјави Анѓел Димитров, Организација на работодавачи.

-Тоа би значело повисок стандард за нашите вработени, а од друга страна голем поттик за нашите стопанственици во иднина да ја зголемат бруто платата, а со тоа и животниот стандард на населението-изјави Сашо Велковски, градоначалник на Свети Николе.

Царовска и Димитров ги охрабрија стопанствениците, кои ги исполнуваат условите да аплицираат, без да се плашат од инспекции и долги и гломазни административни процедури.