Студот зеде уште една жртва на Балканот
Во Албанија регистрирана е првата жртва од студениот бран што ја зафати земјата изминатите денови.
Станува збор за лице на возраст од околу 35 години, евидентиран како бездомник, кој најчесто пресојувал во населбата бр.17 во пристанишниот град Драч. Според жители на населбата тој бил лице со психички проблеми.
Во врска со настанот реагираше и Народниот правобранител Игли Тотозани, кој искажа длабоко жалење за загубата на животот на еден бездомник.
- Ова е човечка трагедија, која предупредува. Локалните функционери не треба да чекаат бездомниците или сиромашните да ги заземат нивните канцеларии туку да излезат на терен заедно со своите вработени за да ги идентификуваат луѓето кои имаат потреба и да им пружат помош и засолниште, остакна Тотозани.
Инаку, целата територија на Албанија е закована во снег и студ. Ноќва регистрирана е темпераура од минус 21 степен. Дебелината на снежната покривка во одделени населени места, посебно во подрачјата на Кукс, Скадар, Пук, Пешкопеја, Корча достигнува и до 1,5 метри. Проблеми има во нормалното снабдување со електрична енергија, многу села се сеуште завеани а движењето по националните патишта е неможно без синџири.
Ново на Сител
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето