Студија: Со порастот на температурите во океаните снемува кислород
Климатските промени и загадувањето го истиснуваат кислородот од океаните, заканувајќи се за опстанокот на многу видови риби, тврдат експерти од Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN).
Истражувачите велат дека климатските промени ја влошуваат состојбата со недостиг на кислород.
Споредено со 1960-тите, кога недостаток на кислород бил забележан на 45 океански локации, денес истиот проблем е забележан на дури 700 места.
Експертите велат дека таа состојба е особено штетна за одредени видови риби, како што се туната, ајкулата и една вид сабјарка. Балтичкото Море и Црното Море се најголемите затворени морски екосистеми со мала содржина на кислород, се вели во извештајот на IUCN.
Доколку земјите продолжат со вообичаениот пристап кон емисиите на штетни гасови, светските океани би можеле да останат со три до четири проценти помалку кислород до 2100 година.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море