Македонија
2. March 2017 - 10:26

Студија на МЕА за еколошки одржлива структура за греење

Македонската енергетска асоцијација (МЕА) денеска ќе ја презентира студијата „Дефинирање на техно-економски оптимална и еколошки одржлива структура за греење и имплементирање на централизирано снабдување со санитарна топла вода на Град Скопје“.

Студијата е изработена од Машинскиот факултет - Скопје и нуди одговори директно поврзани со загадувањето на воздухот во главниот град и за избор на оптимален начин на греење.