Живот
24. March 2016 - 10:05

Студентка на предавање дошла со бебе, па професорот стана дадилка

Да се работи и да се студира во исто време воопшто не е лесна задача, а уште кога имате и мало дете, тогаш предизвикот е тројно поголем.

Со таков предизвик се соочи Кејти Хемпфри (33), на која дадилката и откажала во последен миг, а таа морала да оди на предавања на факултет.

Затоа Кејти со себе на предавањето ја повела и нејзината четиримесечна ќерка. Но, таа не можела да се сконцентрира и да ја следи наставата, особено кога малата Мили ќе почнела да плаче.

На помош на Кејти во целата необична ситуација и пришол професорот Дарен Вилоуби, кој ја земал малата Мили в раце и така го држел предавањето.

Несекојдневната постапка на професорот ја снимиле студенти и така видеото со оваа позитивна приказна брзо се прошири на Интернет.

- Ја држев в раце речиси еден час и Мили беше целосно задоволна, откри професорот Вилоуби за локалните медиуми.

Професорот е поранешен маринец, кој 14 години минал во војна, а по повредата во Авганистан решил да се вати дома и се посвети на науката.