Македонија
28. August 2017 - 13:29

Стружанец ја пронашол својата седуммесечна ќерка почината

Во семејниот дом во Струга, М.К. вчера  ја пронашол својата седуммесечна ќерка без знаци за живот, по што пријавил во Полициската станица-Струга.

МВР соопшти дека М.К. се обидел да даде вештачко дишење, а потоа со такси возило го однел детето во Детското одделение при Јавната здравствена установа-Струга, каде дежурните лекари констатирале смрт.

Од извршениот надворешен преглед над телото на починатото бебе не биле констатирани траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото дете е предадено на семејството за погреб.