Македонија
15. March 2018 - 13:30

Струмичанка од благајната на „Пошта“ парите ги ставала во џеб

Полициска станица Струмица поднесе кривична пријава против С.В.(38) за сторено кривично дело „затајување’’.

На 18. септември минатата година, извршена е контрола во АД за поштенски сообраќај “Македонска Пошта’’ – Подружница Струмица – Пошта Вељуса, каде пријавената била вработена како шалтерски работник и е констатирано дека на главната благајна каде пријавената работела, постои кусок од 88.951 денари кои противправно ги присвоила.