Живот
8. September 2020 - 12:26

Струмица: Стартува 28-то издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков

Наместо на театарската сцена, на отворено во градскиот парк и под посебни протоколи вака оваа година ќе се одржи фестивалот на камерен театар Ристо Шишков во Струмица. И покрај пандемијата со корона вирусот фестивалот ќе ја запази неговата традиција отварањето да биде  на денот на независноста. За разлика од порано кога во трката за единствената награда посветена на актерот учествуваа и по околу 80, годинава оваа можност ќе ја имаат само дваесетина актери.

Годинава на фестивалот нема селекција и театри од странство. Учествуваат само домашни театри и продукции и тоа со помали претстави со по неколку актери.

Фестивалот ќе трае до 13 септември. За најдоброто актерско остварување ќе одлучува меѓународно жири предводено од минатогодишниот лауреат, хрватскиот актер Драшко Зидар кој сите претстави ќе ги следи онлајн. Наградата традиционално ќе биде златен медалјон со ликот на Ристо Шишков и паричен износ во вредност од 1500 евра.