Македонија
23. January 2023 - 12:31

Струмица: Старицата која беше пронајдена мртва во својот дом била убиена

83 годишната жена од Струмица која пред три дена беше пронајдена мртва во нејзиниот дом била убиена. Првичните информации од обдукцијата покажале дека причина за смртта е надворешна сила, односно таа настанала со давење или задушување. Од струмичкото обвинителство ја потврдија оваа информација, но повеќе детали не соопштуваат, само информираа дека интензивно се работи на расчистување на случајот и откривање на сторителот или сторителите.

Безживотното тело на 83 годишната струмичанка која живеела сама беше пронајдено во петокот попладне од страна на блиски членови на семејството. Тие ја повикале  брзата помош, по што од болницата  била известена и полицијата.

Според кажувањата на соседите, само неколку часа пред да ја слушнат тажната вест ја виделе како се враќа од црква. Тие нивната соседка ја опишуваат како мирна и скромна жена за која немаат ниту еден лош збор.