Македонија
17. July 2022 - 17:06

Струмицa: Им вперил пиштол и сакал да го употреби но не испукал, па пробал да го репетира

На 17.07.2022 година околу 06.00 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода С.И. (32) и Р.И. (31) и двајцата од Струмица, соопштија од МВР.

Истиот ден околу 04.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во магацински простор на угостителски објект во Струмица С.И. извадил пиштол кој го вперил кон двајца од вработените и се обидел да го употреби, но истиот не испукал, а при обид да го репетира од страна на други присутни, пиштолот му бил одземен.

На настанот, според пријавеното, му претходело недоразбирање помеѓу Р.И. и дел од вработените, по што Р.И. си заминал од местото и по околу половина час повторно се вратил заедно со С.И,. притоа Р.И. физички нападнал некои од вработените, а С.И. се обидел да го употреби пиштолот.