Македонија
2. November 2019 - 16:39

Струмица го презентираше комерцијалниот бренд за промоција на градот „Струмица – звезда под небото“

Струмица го презентираше комерцијалниот бренд за промоција на градот. ,, Струмица – ѕвезда под небото,, е носечкиот слоган  со кој во иднина градот ќе ја зајакнува позитивната слика во земјата и надвор од неа.  Како што беше потенцирано на самата  промоција,  брендот Струмица е визија за позиционирање на пазарот на градови, и препознавање на Струмица како добро  место за живеење, туристичка и добра деловна дестинација. Комерцијалниот бренд е создаден да го користат жителите, претпријатијата, но и за производи од регионот.

,, Проект кој има намера да ги зачува, продлабочи и унапреди нашите ангажмани за значителен исчекор во растежот на нашиот град и општината.,, рече КОСТА ЈАНЕВСКИ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

Според директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски брендот Струмица ќе значи многу кога е во прашање регионалното претставување.

,,Струмица покрај тоа што е ѕвезда под небото е и туристичка дестинација за четири сезони. Тоа значи дека има што да понуди од повеќе аспекти. Од аспект на културниот туризам,  од аспект на агро и еко туризмот.,, рече ЉУПЧО ЈАНЕВСКИ – ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ

Брендот Струмица е создаден во рамките на проектот „Промоција на туризмот и културата“, финансиран од ЕУ во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција.