Македонија
31. August 2021 - 16:46

Струга бара пролонгирање на почетокот на учебната година

Струга бара пролонгирање на почетокот на учебната година. Поради лошата епидемиолошка состојба и зголемениот број на заболени од коронавирусот општината поднесе барање до Владата, Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести наместо на 1 стартот да започне на 20 септември.

Во Струга каде обично се прават 100 до 120 тестови дневно, секој четврти резултат е позитивен на Ковид-19, моментално се хоспитализирани 27 пациенти во модуларната болница и и 12 во интерното одделение.

Во охридската болница пак моментално хоспитализирани се 42 лица од кои 21 се на кислородна подршка и со потешка клиничка слика, најмладиот пациент има само 30 години.