Македонија
20. September 2021 - 16:42

Стручната јавност со реакција за учебниците од новата концепција за 4 одделение

Несоодветни содржини, неприлагодени за возраста и за пораката која сакаат да ја пренесат. Психолозите и социолозите со критики за спорните лекции во дигиталниот учебник по македонски јазик за четвртто одделение, во кои се претставува секојдневниот живот во семејството.

На детето му е толку досадно што пушта нокти и не знае што да прави со себе, а мајката е ужасно расположена па нејзините деца мораат да и се тргнат од патот. Ова е содржината на две спорни лекции од дигиталниот учебник, за кои во официјалната програма пишува дека имаат цел да пренесат реалистични ситуации.

Содржината е спорна и за социолозите. Од Институтот велат дека подолго време предупредувале за избрзаноста на примената на новата концепција која сега се гледа на дело.

Коментираат дека кусиот рок за подготовка доведува до импровизација.      

Забелешките и реакциите за спорните содржини се примени и се разгледуваат, велат од Министерството за образование. Министерката Царовска претходно најави дека авторката, рецензентите и Бирото за развој ќе утврдуваат дали ќе контроверзните лекции ќе бидат целосно или делумно отстранети.