Македонија
7. May 2021 - 16:38

Стручната јавност против бришењето зборови од толковниот речник, потегот е познат само во тоталитарни режими

Во науката нема место за политичка коректност, велат лингвистите. Исфрлањето на зборови од толковниот речник затоа што некој ги смета за навредливи е чин на цензура, посочува филологот Емил Ниами.  

Ваквите прочистувања во лексиконите има само во тоталитаризмот, вели Ниами, посетувајки на времето на Советскиот Сојуз кога од најголемиот руски речник на Владимир Дало биле исфрлани зборови само затоа што не биле адекватни за новото советско оштество.

Министерката Царовска вели дека професорите од Институтот за македонски јазик самите решиле да ги повлечат зборовите за кои имаше реакција дека се несоодветни.

Откако ромска НВО се закани со протести против одредницата  Циган во електронскиот Толковен речник на македонскиот јазик, зборот беше повлечен, а останува прашањето дали тоа ќе се случи со некои други зборови ако и попречат на некоја заедница или група.