Балкан
26. September 2015 - 11:32

Стравична несреќа: Летнале 20 метри, починал на лице место, сведокот во шок!

Страшна несреќа каква што ретко се гледа се случи утрово во Ниш кога 55-годишен маж загина, а 48-годишна жена е тешко повредена. Како што соопштува нишката полиција, несреќата се случила утрово кога возило Цитроен удрило во пешаци кои се движеле од десната страна на коловозот. Мажот починал на лице место, а жената итно со возило на Брза Помош била пренесена во болница.

- На местото на настанот инало очевидец кој доживеал нервен слом од она што го видел и не може да зборува, вели извор за српскиот Курир.

Пешаците биле удрени со голема брзина бидејќи летнале 20 метри во воздух. 

Се истражуваат причините за несреќата.