Тој меѓутоа, во полиција не ги кажал своите мотиви. Гибсон рекол дека полицијата прво не му поверувала на мажот кога рекол дека го убил членовите на семејството. Тој тогаш им ги дал клучевите на својот автомобил и рекол дека дошол во станица со тело.
Човекот се наоѓа во притвор во Шасти, град со околу 3.200 жители. Обвинението се уште не е поднесено официјално, пренесе Њујорк Тајмс.
Полицијата рече дека истрагата е во тек, а властите се уште не го објавиле идентитетот на жртвите, туку само наведоа дека во прашање е семејство. Телото кое убиецот го донел со себе до станицата припаѓа на машко лице, но не е познато каде е убиена жртвата.
Се смета дека нема други осомничени за овие убиства.
Жителите на Роузвил кои живеат близу осомничениот рекоа дека го избрале ова подрачје за живот зошто делувало безбедно.
„Овде обично никогаш ништо не се случува. Ја оставам гаражата отворена и слично. Ова е безбеден крај“, рекла Дакота Мидлтон, која живее улица подолу од станот на убиецот.