Свет
12. January 2016 - 11:32

Страујума предлага протерување на економските мигранти

Европа треба да ја преразгледа својата политика и да депортира економски мигранти, изјави денеска летонскaта премиерка Лајмдота Страујума.

– Околу половината од сите бегалци се економски мигранти. Тие би требало да бидат вратени, но веќе се низ цела Европа, изјави таа во интервју за летонската национална телевизија.

Таа ја префрли одговорноста за ситуацијата со мигрантите на Европската комисија и „некои држави од ЕУ“.

– Европа делумно ги признава грешките за политиката на прием на бегалци и вложува големи напори за обезбедување на границите, наведува летонската премиерка.

Според најнова анкета, над 78 отсто од Летонците се против одлуката на Владата за прием на 531 мигрант од Блискиот исток и од Африка кои се мометно во Грција и во Италија.