Балкан
15. September 2015 - 11:35

СТРАШНО: Ова е автомобилот со кој тројцата другари заминаа во смрт

Трагедија го потресе Нови Пазар. Тројца другари, 17-годишниот Елемдин Тутиќ, 20-годишниот Фарис Шемсовиќ и една година постариот Мерван Џанковиќ, загинаа во неделата во страшна сообраќајка.

Како што пишуваат медиумите, трите млади момчиња со својот автомобил Мерцедес, излетале од мост и за жал починале на лице место. Нивните другари кои биле во автомобилот со нив, 21-годишниот Алмир Хајровиќ и 23-годишниот Ален Шмајовќ, се во животна опасност и лекарите и натаму даваат се од себе за да ги спасат.

Трагедијата според сведоците се случила поради трка. Момчињата се тркале, се забиле во голф, излетале од патот и погинале. 

Се истражува несреќата која го потресе регионот.