Страшна железничката несреќа во Белгија - Има загинати

Епилог на синоќешната железничка несреќа меѓу товарен и патнички воз во Белгија се тројца загинати и деветмина посериозно повредени патници, јавија локалните медиуми.
Медиумите јавуваат дека некои од повредените се наоѓаат во многу тешка состојба и дека лекарите се борат за нивниот живот
На 28 патници им била укажана медицинска помош, но сите ќе бидат пуштени дома.
Во патничкиот воз имало 40 патници.
Досега е познато дека патничкиот воз, околу полноќ, пристигнал и со голема брзина се удрил во товарната композиција, што запирала на истиот коловоз.
Како можна причина двата воза да се најдат на истиот коловоз е дефект на железничките свртница. Железничката компанија наведува дека гром е причината за оштетување на свртницата.
Два часа пред несреќата железничката компанија соопштила дека на истата линија во регионот на Лиеж има проблем со сигнализацијата заради удар на гром.
Над Белгија синоќа мина силна бура со грмотевици.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
