Македонија
31. December 2016 - 14:17

Страшна сообраќајна несреќа во Велес

Околу 06 часот и 20 минути на регионалниот пат Велес-село Мамутчево, во близина на градската депонија Велес, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фиат Пунто“ со велешки регистарки ознаки, управувано од 18-годишниот Р.К. од Велес и возило „Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Б.М. од Велес.  Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Р.К.  Б.М. и сопатничките во нивните возила, М.П. (59) и Н.П. (41), двете од Велес. На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница Велес, од каде поради сериозноста на повредите Р.К. и Н.П. се пренесени во Ургентниот центар Скопје, додека Б.М. и М.П. се задржани за понатамошно лекување во болницата во Велес. Увид извршила екипа од СВР  Велес.