Македонија
15. October 2017 - 12:26

Страшна сообраќајна несреќа кај Штип - има жртви

На магистралниот пат А-3 Велес – Штип кај клучката за село Каратманово, вчера околу 23,15 часот се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Пежо 406“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.М. (33) од Струмица удрило во пешак Т.Ј. (57) од велешкото село Мамутчево, при што истиот починал на лице место, а возачот не застанал туку продолжил кон Секторот за внатрешни работи - Велес, каде го пријавил случајот. Увид извршила екипа од Полициската станица - Св.Николе, а по наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција. О.М. е приведен во полициска станица, а неговото возило се наоѓа во кругот на Секторот за внатрешни работи-Велес.