Балкан
23. јуни 2016 - 9:30

Страшна сообраќајка утрово го потресе регионот

 
Страшна сообраќајка утрово го потресе Лесковец. Според податоците на српскиот Курир, едно лице загина, а пет се тешко повредени во директен судар кој се случил утринава на патот Лесковац-Вучје.
 
45-годишниот Н.С. за жал го загубил животот. Тешко се повредени 38-годишната Л.С. 24-годишниот М.М. 46-годишниот С.С. 43-годишниот С.С.
 
Повредените се итно однесени во болница.
 
Се испитува како дошло до несреќата.