Македонија
8. February 2017 - 11:17

Страшна сообраќајка: Камион излета од пат кај кумановското село Облавце

Камион влекач марка „Волво“ вчера околу 8:30 часот излетал од патот кај село Облавце и паднал во провалија, информира денеска РЦУК - Куманово, а случајот го потврди и кумановската полиција.

Според првичните информации, камионот најверојатно изгубил контрола поради влажниот коловоз и неприлагодената брзина. Возачот на камионот В.К. се здобил со телесни повреди, потврија од СВР Куманово.

Како што појаснија, камионот-влекач се уште се наоѓа во провалијата, бидејќи станува збор за непристапен терен и потребна е соодветна механизација за да се подигне.

Во камионот, сопственост на кумановска компанија, се превезувал текстил. Вчера, екипа од СВР Куманово и мобилна екипа од Царината биле на местото на сообраќајката од каде текстилот бил претоварен и пренесен во Царинскиот терминал во Куманово.

Сообракајот, соопштија од СВР Куманово, се одвива редовно.