Македонија
3. April 2017 - 14:14

Страшна несреќа во Скопје: Со автомобилот прегазил дете

Страшна сообраќајна несреќа се случила вчера на улицата Јустинијан Први во Скопје. Полицијата информира дека возило марка „Голф“ управувано од страна на 47-годишниот К.Б. од Скопје удрило во 12 годишно дете од селото Батинци скопско.

Детето било пренесено во болница, а по укажаната лекарска помош е пуштено на домашно лекување.