Македонија
25. April 2018 - 14:50

Страшна глетка во шума во Ресен: Пронајдено лице обесено на дрво, во фаза на распаѓање

Во Ресен над објектот на Средното училиште во борова шума, вчера во 19,30 часот било пронајдено лице засега со неутврден пол, обесено на дрво, чиешто тело било во фаза на распаѓање. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен.

По наредба на Јавен обвинител телото било пренесено во капела во Ресен. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и за расчистување на настанот.