Македонија
17. March 2018 - 18:36

Страшна бура го зафати Охрид - поплавени неколку кафулиња

Ветер со брзина од 100 километри на час предизвика  хаос на охридското крајбрежје. На популарното шетелиште во нашиот туристички бисер Охрид  огромните бранови предизвикани од ветерот поплавија  неколку кафулиња. 

Речиси целото шеталиште и кафулињата кои се наоѓаат во непосредна близина се под вода, а дел од аматерските видеа сведочат за, како што велат дел од угостителите, „езерското цунами“ кое буквално им го однела инвентарот.

Угостителите стравуваат дека објектите можат во целост да им бидат срушени.  Апелираат до надлежните да се следи состојбата со нивото на езерото