Балкан
9. December 2016 - 11:31

Страотни детали од крвавиот пир: Ги убивал соседите пред нивните внуци

Мештаните од селото Ратина кај Крагуевац денеска напладне кон вечното почивалиште ќе го испратат брачниот пар Стевановиќ - Зоран (67) и Горица (64), како и нивниот роднина Милоја Костовиќ (54), кои завчера со ловечка пушка ги уби соседот Живорад Радичевиќ (61). 

Ден по крвавиот пир, во кој е ранет и Живан Чурлиќ (36), мештаните се шокирани и натаму го прераскажуваат трагичниот настан.

-Живорад беша лут поради ѓубривото кое Зоран со Милија го влечеше на нива. Ја повика комуналната полиција, а бидејќи тие беа на самото место и извршија увид, почна крвавиот при. Прво упадна во куќата во која беше Горица и ја застрела со сачмарка за крупен дивеч и тоа пред внуците, велат мештаните.

Додаваат дека тешко ранетата Гордана, со последните атоми од силата успеала да го повика синот, кој веднаш дошол дома. За жал жената почина на пат кон болница.

Потоа Живорад отишол на нива и ги убил Зоран и Милоја, по што влегол во кола и отишол до семејството Чурлиќ.

-Никој не знае што се скарал со нив. Таму ја сретнал бабата и прашал за домаќинот, но надвор излегол Живота Чурлиќ. Почнал да пука кон момчето, но тој успеал да побегне зад куќата, иако бил погоден во ногата, велат соговорници.

Според нивните зборови, полицијата по злосторството, прво го повикала синот на убиецот, а инспекторите успеале Живорад да го стигнат на селските гробишта, каде потоа, пред споменикот на своите родителите, извршил самоубиство.