-->
-->
Страотна трагедија во Сента, пожар проголта семејна куќа, загина 8-годишно дете
-->
Е.Д. (8) од Сента, настрада во пожар кој ноќеска изби во семејна куќа во Сента, во улициата Киш Ференц 6. Се претпоставува дека причина за смртта на несреќното девојче најверојатно е гушење со јаглерод моноксид. Тешки телесни повреди опасни по живот здобил и 5-годишниот А.К. Детето се здобило со изгоренииц од втор степен и е префрлено во новосадскиот Клинички центар.
- Уште две деца се повредни во пожарот. Детето Д.К. (10) се здобило со изгореници, но е полесно повредено. Неговата сестра Д.К. (7) исто така е полесно повредена во пожарот. Во моментот на избивањето на пожарот со нив во соба била и Елвира К. (32) и нејзиниот вонбрачен сопруг Андрија К. (29) од Сента. Тој во пожарот е полесно повреден додека една 16-годишна тинејџерка е неповредена, изјави извор близок до истрагата.
Сите полесно повредени во синоќешниот кошмарен пожар се хоспитализирани во општата болница во Сента.
Пожарот во приземната куќа се случил меѓу полноќ и еден часто, а неофицијално причина била рачна светилка која семејството ја користело за осветлување на куќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко