Македонија
31. January 2018 - 12:28

Страотна сообраќајка во Скопје: Се судрија автомобил и моторцикл, двајца млади завршија во болница

Вчера околу 13,10 часот на улица „Ферит Мурати“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(38) и моторцикл „Сузуки 600“ управувано од Б.Л.(20).

Од сообраќајната незгода со повреди се задобил возачот на моторциклот, кој со возило на брза помош е пренесен во Градската општа болница „8-ми септември“ каде му се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на лева

подлактица и повреди на глава) и е задржан на понатамошно лекување.

Исто така сопатничка од „Сеат Ибицата“ на возраст од 16 години, била пренесена во Градската општа болница „8-ми септември“, каде и биле констатирани телесни повреди и била  пуштена на домашно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.