Свет
1. July 2018 - 22:01

Страотна несреќа во подножјето на Хималаите, автобус падна во клисура, 47 загинати

Најмалку  47 лица загинаа  во сообраќајна несреќа во Индија, кога автобус излетал во провалија во сојузната држава Утараканд во северниот дел на земјата.Несреќата се случила на автопатот Пипали – Бохан.

Околу 50 патници биле во автобусот кој патувал за Рамнагар од Бохан.

Причината за несреќата сé уште не е позната.